Српската заедница во Куманово го прослави Бадник

Сподели со своите пријатели

Српската заедница во Македонија – Регионален одбор Куманово и Демократската партија на Србите, по повод денешниот празник Бадник организираа традиционална прослава во холот на зградата на поранешен Комитет.

Loading...

Утринава традиционално во селото Долно Којнаре го пресекоа бадниковото дрво, по што следуваше прославата со посна трпеза пред партиските простории.

– Основната порака на Бадник и на божиќните празници е собирање на семејството и ширење на љубовта, пред се во домот, но и меѓу народот и меѓу луѓето. Нашето православие е засновано на принципот љубов и разбирање. Жал ми е што во оваа прилика не можам, а да не избегнам да ги поздравам нашите сонародници во Црна Гора и да дадам апсолутна поддршка на сите Срби во Македонија во нивната борба за зачувување на верата. Исто така, сакам на сите Македонци, на сите народи да им посакам здравје, среќа, бериќет и секако мир меѓу нас и секако секогаш да бидеме заедно, изјави Гордана Јовиќ Стојковска, претседател на Српската заедница во Македонија.

Паричката оваа година се падна во советникот Мирослав Тричковиќ, кој воедно ќе биде кум следната година.

– Искрено не се надевав дека паричката може да се падне кај мене, драго ми е што се падна во мене, многу сум среќен. Сакам на сите наши членови и на сите граѓани на Куманово да им посакам многу среќа и успех во Новата година на секое поле, изјави Тричковиќ.

Според традицијата, организацијата на следната прослава припаѓа на новиот кум, односно кој треба да се погрижат за прославата.

Loading...

Leave a Reply