Српската заедница го одбележа Видовден во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

По повод големиот празник на Србите, Видовден во Младинскиот културен центар во Куманово синоќа се одржа свечена академија, која ја организираше Обединетата српска заедница.

 

Loading...

 

На манифестацијата присуствуваа високи претставници од Македонија и Србија. Присутните во салата, меѓу кои имаше и високи претставници од Македонија и Србија, имаа можност да проследат концерт на културно уметничкото друштво Копаоник од Лепосавиќ и Карпош од Старо Нагоричане.

– Сигурен сум дека нема да згрешам ако кажам дека целата наша историја е поврзана со Видовден и тој датум. Видовден е ден во кој увена најубавиот српски цвет. Видовден е ден на тага и славје, пад и победа, смрт и воскресение. Видовден бара и од сегашните генерации во знакот на православието, осветување, чистење од омраза, бара спокој под небото на Косово, Србија и светот. Слобода, мир слога, правда, истакна еден од говорниците на настанот.

 

 

Пред присутните се обратија и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, како и претседателката на Советот на општина Трговиште.

– Од овде нашето Куманово кое е Македонија во мало. Не има од различни етнички заедници, вери, но секогаш ги почитуваме и вреднуваме заедничките датуми и заедно ги одбележуваме. Во оваа прилика во мое и во име на граѓаните на Куманово сакам да им одадам признание на сите тие генерации кои се вградија во нашата заедничка историја и воедно на сите припадници на српската етничка заедница да ви го честитам големиот празник Видовден, кој те потсетува на нешто од минатото што не треба да се заборави – истакна Димитриевски.

 

Loading...

 

– Со оглед дека добар дел од Србите во Куманово потекнуваат токму од територијата на општината Трговиште  и долината на Пчиња сеќавајќи се на нашите предци, не смееме да го заборавиме минатото а исто така мораме да мислиме на нашите потомци и на иднината. На сите ви го честитам празникот и сакам среќа и благосостојба – претседател на Совет општина Трговиште.

 

 

На свечената Видовденска академија се одржа и промоција на книгата „Приказни од Македонија“, од авторката Нена Ристиќ Костовска. Инаку во рамки на одбележување на празникот беше реализиран и трунир во мал фудбал.

 

Leave a Reply