Српската амбасадорка од Куманово упати повик за заедништво (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Повик за заедништво упати денеска од кумановската населба Долно Којнаре амбасадорката на Република Србија, Душанка Дивјак Томиќ, откако Денот на авијатичарите се одбележа со две манифестации, една во организација на локалната самоуправа и втора во организација на Срспката заедница во Република Македонија.

Loading...

– Амбасадата секогаш се залага за заедништво. Токму тоа е пораката на собирот и низ оваа заедничка манифестација тука покажеме дека ние го знаеме тоа и можеме и се надевам дека во таа насока ќе се движи. За жал оваа година е така како што е, но искрено се надевам дека во иднина ќе биде поинаку, рече амбасадорката Дивјак Томиќ.

На манифестацијата организирана од Српската заедница се обрати претседателката Гордана Јовиќ Стоковска, која упати надеж дека наскоро ова спомен обележје ќе биде оградено и заштитено.

– Нашата држава изгуби драгоцен имот, и така беше исклучително сиромашна во борбата за создавање напредна држава, изгуби толку многу, меѓу кои не може да се заборави библиотеката како и големиот број жртви кои во она време не беше можно да се пребројат. Секогаш кога ќе се собереме овде зборуваме за херојството, сите ја знаеме приказната како пилотите  од аеродромот Аџитепе добија задоцнета информација, и дека херојски летнаа знаејќи дека нивните авиони се ништо во споредба со германските моќни машини – нагласи таа.

Loading...

Одбележувањето од страна на Српската заедница беше поддржано од нејзини членови, како и симптаизери на политичките партии ДПСМ и ВМРО-ДПМНЕ, додека втората манифестација организирана од Фондација за култура и спорт при Општина Куманово, присуствуваа и градоначалникот, членови на Советот, општински институции, амбасадите на Србија и Словенија, како и членови на СДСМ.

Leave a Reply