Среќа за министрите пајак службата во Куманово не работи за викенд (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, министерката без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска, како и министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија Зоран Шапуриќ денеска го посетија Куманово за да се сретнат со стопанствениците во Занаетчискиот дом, но државните возила со кои пристигнаа останаа надвор, паркирани на местото каде што треба да се паркираат само такси возилата, веднаш до градскиот плоштад.

 

Loading...

 

Среќа за нив па пајак службата во Куманово не работи за викенд, инаку најверојатно ќе им ги земеше возилата, евентуално полицијата ќе излезеше и ќе им напишеше казна, но веројатно службениците биле во меѓусмена, додека се одржуваше средбата која траеше два часа.

Leave a Reply