Средношколци го обновија детското катче во Соколана (ГАЛЕРИЈА)

Сподели со своите пријатели

Членови на младинската организација „Креатор“ во соработка со општина Куманово и УНДП во изминатиот период работеа на реконструкција и обнова на детското катче во градскиот парк Соколана во рамките на проектот „Волонтирај – резултирај“.

Loading...

Во петок во 13:30 часот и свечено ќе го пуштат во употреба заедно со нивниот проектен координатор Катерина Димовска, градоначалникот Максим Димитриевски и претставничката од УНДП Ива Колозова.

– Во изминатиот месец нашата организација работеше на реконструкција и обнова на оваа детско катче заедно со над 120 средношколци – волонтери од сите средни училишта во Куманово. Постоечките играшки беа реконструирани и обновени, теренот беше порамнет, истампониран и се постави нова подлога за игралиштето. Во игралиштето се поставени и 5 нови играчки, две двојни лулашки, една двојна клацкалка, една единечна клацкалка и една кружна качувалка. Исто така сменети се седиштата на посточките лулашки, обновени се масичките и столчињата, оградата е свежо офарбана во разиграни бои, а нацртани се и симпатични ликови од детски цртани со што детското катче доби целосно нов изглед, велат од младинската организација „Креатор“.

Сите млади кумановци кои работеа на проектот за својот труд ќе добијат благодарници.

Loading...

Проектот „Волонтирај – Резултирај“ е финансиран од Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан – ReLOaD, финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Фото: Youth Association Kreator

Leave a Reply