Средба на претседателот Пендаровски со бугарскиот премиер Борисов (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во рамки на учеството на самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, во Сараево оствари средба со премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов.

Loading...

На средбата беше констатирано дека двете држави се посветени кон унапредување на севкупните односи.

Двајцата соговорници изразија задоволство што Договорот за добрососедство, пријателство и соработка внесе позитивна динамика во политичките односи меѓу двете земји, што се рефлектира и во останатите области.

Претседателот Пендаровски истакна дека Република Северна Македонија високо ја цени поддршката од Република Бугарија за добивање датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија и го поздрави ратификувањето на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО.

Leave a Reply