Средба меѓу Бајден и Лула: Заеднички ставови за демократијата и екологијата

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џозеф Бајден го прими бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва во Вашингтон и се согласи со него за прашањето за заштита на демократијата и животната средина, додека двете земји сѐ уште имаат различни ставови за војната во Украина.

Loading...

„Мораме да продолжиме да ги поддржуваме демократијата и демократските вредности кои се суштината на нашата сила“, рече Бајден Лули пред средбата на лидерите на двете земји во Овалната соба, додавајќи дека двајцата имаат исти ставови за „ климатска криза“, според Ројтерс, пренесува Танјуг.

Лула рече дека ниту Бразил ниту САД никогаш повеќе не смеат да дозволат насилни протести како неодамнешните демонстрации на поддржувачите на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро или нападите на приврзаниците на поранешниот американски претседател Доналд Трамп на Капитол Хил во јануари 2021 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што ја очекува Европа ова лето, по рекордниот топлата пролет?

Зборувајќи за Болсонаро, Лула рече дека неговиот свет „започнуваше и завршуваше со лажни вести, наутро, напладне и навечер“, на што Бајден се насмеа и му рече „тоа звучи познато“.

Според претседателот на Бразил, двете земји би можеле заеднички да се борат против нееднаквоста и климатските промени.

Вашингтон вети дека ќе му помогне на фондот за заштита на прашумите во Амазон, а Бајден ја прифати поканата да го посети Бразил.

САД и Бразил сè уште имаат различни ставови за војната во Украина. Претседателот на Бразил ја изрази својата желба за мировни преговори во кои ќе бидат вклучени глобални играчи со позиции поблиски до неутралноста.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што ја очекува Европа ова лето, по рекордниот топлата пролет?

Во исто време, Лула го бранеше својот став дека Бразил не треба да ѝ дава помош на Украина во форма на муниција од германско производство.

Loading...

Според Лула, таквиот потег би значел дека Бразил станува учесник во војната.