Србин приведен во Куманово поради фалсификувани пари

Сподели со своите пријатели

Четириесет и деветгодишен српски државјанин доби кривична пријава од кумановската полиција под сомнение за „ фалсификување пари“.

Loading...

– Отсекот за економски криминал при СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Ј.(49) од Република Србија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“ по член 268 од Кривичниот законик, информираат од кумановската полиција.

Како што појаснуваат од полицијата, пријавениот набавил фалсификувана банкнота во апоен од 100 евра и откако остварил влез во државата преку граничен премин Табановце, на бензинска пумпа на автопатот Табановце – Куманово извршил размена со фалсификуваната банкнота.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец нападнат на ГП Табановце

Никола Ивановски