Србин баран од Интерпол приведен на Табановце

Сподели со своите пријатели

Триесет и петгодишен државјанин на Србија баран од Интерпол вчера бил приведен на Граничниот премин Табановце.

Loading...

– На 16.11.2022 во 18.15 часот на Граничниот премин Табановце, од слобода бил лишен М.Г.(35) од Република Србија, затоа што при извршената проверка било констатирано дека бил на стоп листа на Интерпол, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Гласаат болните и немоќните лица во Куманово, Липково и Старо Нагоричане