Србија се затвора: Ќе работат само прехранбени продавници, аптеки и бензински

Сподели со своите пријатели

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави денеска дека од утре до понеделник во државата се ќе биде затворено, освен продавниците за храна, аптеките и бензинските пумпи.

Loading...

По седницата на Кризниот штаб за борба со епидемијата на коронавирусот, Брнабиќ изјави дека нема да има полициски час.

– Нема полициски час, нема забрана на движење, ќе работат продавниците за прехрана, пумпите, сето она што е неопходно за колку-толку нормален живот. Потребно е дополнително да го забавиме животот за да видиме дека бројките на новозаразените стагнираат. Ова е поддршка за нашите здравствени работници, рече Брнабиќ.

Според неа, тие мерки се компромисно решение бидејќи медицинскиот дел од Кризниот штаб побарал затворање во траење од 14 дена.

– Дали тие ќе се продолжат од понеделник натаму, ќе зависи од сите нас. Апелирам на максимална дисциплина, разбирање на ситуацијата во која се наоѓа нашиот здравствен сектор“, рече Брнабиќ која додаде дека многу долго и на повисок тон е разговарано за новите мерки, рече таа.

Leave a Reply