Срби приведени на Табановце со фалсификувани ПЦР тестови

Сподели со своите пријатели

Тројца срптски државјани вчера биле приведени на Граничниот премин Табановце поради фалсификувани ПЦР тестови.

Loading...

– На 04.10.2021 во 05.35 часот на Граничен премин Табановце, на излез од Република Северна Македонија, поради употреба на фалсификувани ПЦР тестови, биле приведени Ш.Н.(40), Љ.Ш.(34) и Ф.Ш.(43), сите од Република Србија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тие биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Никола Ивановски