Спречен шверц на мигранти на ГП Табановце (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Царинските службеници од граничниот премин Табановце автопат спречија обид за нелегално преминување на границата на странски државјани.

Како што информираат од Царинската управа на Република Македонија, на ден 06.09.2018 година, за излез од државата се пријавил српски камион управуван од српски државјанин, натоварен со разни производи од Грција.

Возачот пријавил дека сајлата на камионот е оштетена, најверојатно додека одмарал во близина на граничниот премин Богородица, по што било пристапено кон детална контрола на товарот. Притоа, во предниот дел на приколката биле пронајдени 6 лица без патни исправи, кои според нивните изјави биле пакистански и авганистански државјани.

Илегалните мигранти биле предадени на полициските службеници од граничниот премин, за понатамоишна постапка.

Leave a Reply