Спречен шверц на 20 мигранти во Куманово, 9 од нив малолетни

Сподели со своите пријатели

Полицијата во текот на вчерашниот ден спречила шверц на 20 мигранти од Бангладеш, од кои девет биле малолетни, а осомничениот дека им помагал е 44-годишен скопјанец.

Loading...

– На 11.06.2021 во 08.10 часот на автопатот Куманово – Табановце, кај место викано „Костурник“, полициски службеници го лишиле од слобода Љ.М.(44) од Скопје, затоа што при преглед во товарно возило „фолксваген транспортер“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 20 мигранти од Бангладеш, од кои 9 биле малолетни лица, информираат од Министерството за внатрешни работи.

По наредба на Јавен обвинител мигрантите биле предадени на социјален работник од Министерството за труд и социјална политика, а Љ.М. бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

Leave a Reply