Справете се со комарците на природен начин

Сподели со своите пријатели

Сите го сакат летото, ама никој не ги сака комарците. Освен куп хемикалии и електроники, постојат и неколку природни начини како да се слободите од овие „летечки досади“.

Loading...

Постојат мириси кои на комарците не им одговараат, па гледаат да се оддалечат од истите. Сад со вински оцет и неколку парчиња исецкан лимон во садот е еден од одорите кои комарците не го поднесуваат. Не дека овој мирис би ни се допаднал и нам, но барем нема чешање од истиот. Сличен ефект се постигнува и со мешавина од исецкан кромид и неколку парчиња од зачинот каранфилче.

Добар рацепт кој доаѓа од арабискиот полуостров и служи како стапица за комарците користи само вода, шеќер и малу квасец.  Ви треба пластично шише од 2 литри. Истото го сечете висина од околу 2 третини. Горниот дел од шишето го превтрувате и како инка го насочувате грлото од шишето надолу кон дното на шишето. Наполнете 200 милилитри топла вода во која сте раствориле околу 4 супени лажици шеќер. Кога ќе се излади растворот додадете половина кесичка сув квасец, но не мешајте. Горниот исечок превртен ставете го во шишето. Завиткајте со неколку слоја хартија и поставете го шишето во агол од просторијата. “Вриењето“ на квасецот произведува јеглерод диоксид,  а токму овој гас ги предизвикува комарците.

Исто така, добар раствор за напрскување на телото се прави со зовривање на 2 китки мента и една китка босилек во литар вода. Се оставаат да вријат околу 20 минути, а потоа се процедуваат. Оставете ја процедената течност во ладилникот и напрскајте на телото по потреба.

Кога сме веќе  кај комарците, има неколку сосема неточни митови и народни верувања околу нив. Не е светлината таа која ги привлекува, туку телесната толина,  јаглерод диоксидот кој ние го испуштаме, потта, „благуњавите“ мириси влажниот воздух. Комарците не сакаат слатка крв, туку масно ткиво. Закачувањето на лук по ѕидовите може да Ви „служи“ само против „вампири“, нo не и против малите летечки крвопии. Ултразвукот не е докажан дека им „пречи“ на комарците.

Извор: Метеопро.мк


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.