Спортски настан „Црвен крст за подобро мултикултурно општество”

Сподели со своите пријатели

Општинската организација на Црвен крст Куманово заедно со  волонтерите од клубот на млади во рамки на проектот ЦКА ПХВ организираа спортски настан под мото “Црвен крст за подобро мултикултурно општество” кој се оджа на спортските терени во рамки на училиштето “Наце Буѓони”.

Loading...

На настанот учествуваа претставници од клубот на млади од македонска и албанска група како и претставници од невладините Центар за интеркултурен дијалог , Мултикулти и  Разбуди се од Куманово. Учесниците се натпреваруваа во неколку атлетски дисциплини, играа фудбал и кошарка. Победниците од сите натпреварувања освен благодарници добија и маички со логото на проектот.

Црвен крст Куманово како и сите учесници и невладини организации со организација на овој настан дадоа јасна порака дека сите заедно може да придонесат многу повеќе во градење на подобро и поуспешно мултикултурно општество.

Leave a Reply