Спорот околу родната куќа на Хитлер продолжува

Сподели со своите пријатели

Спорот околу експропријацијата на куќата каде е роден Адолф Хитлер, помеѓу претходните сопственици и државата се продолжува, откако Австрија одлучи да вложи жалба на одлуката на Покраинскиот суд дека обештетувањето е премало.

Loading...

Австрија на претходните сопственици им исплатила 310.000 евра, на основа на обештетувањето поради одлуката куќата да се преземе од државата.

Судот, на жалбата на претходните сопственици, дошол до заклучок дека, земајќи ја предвид „посебноста на недвижнината, затоа што во главната зграда е роден Хитлер“, државата треба да исплати 1,5 милиони евра.

Во образложението се наведува дека главната зграда со години била изнајмувана од страна на државата за висока кирија, а и дека треба да се земе предвид дека во рамките на недвижнината има гаража и паркинг, од кои претходните сопственици имале значителни приходи.

Надлежните власти укажале дека државата се обврзала на обештетување во интерес на даночните обврзници и дека државата утврдила дека продажната вредност е во висина од 812.000 евра, од кои исплатила 310.000, а останатите кога ќе се префрли на сопствениците.

Претходно Уставниот суд утврди дека одлуката за експропријација, по долгогодишна дискусија без договор со сопствениците, била во рамки со законот.

Leave a Reply