Според старите верувања ако ги видите овие 5 работи, тие претставуваат сигурни знаци дека пари ќе пристигнат во вашиот живот

Сподели со своите пријатели

Ако се обидувате да привлечете богатство, тогаш Универзумот можеби веќе ви испраќа знаци дека парите се на пат кон вас. Постојат одредени сигнали на кои треба да се обрне внимание.

Loading...

Старо верување за остварување на желба.

Овие знаци можете да ги користите за да откриете дали сте на вистинскиот пат, дали постои ризик пред вас, но и како симбол дека Универзумот ве поддржува во областа на финансиите. Откријте кои знаци покажуваат дека парите влегуваат во вашиот живот:

 

 

1. Постојано го гледате бројот 8

Историски гледано, бројот 8 отсекогаш бил многу значаен. На пример, во кинеската култура, тој треба да биде еден од најсреќните броеви и е тесно поврзан со среќата. Интересно е што обликот на бројот 8 е исто така целосно симетричен, симболизирајќи рамнотежа. Значи, ако започнете да го гледате бројот осум се почесто на разни места, ве чекаат финансиски приходи !

Loading...

 

 

2. Подароците се шират

Според фенг шуи, ако добиете пари во форма на бакшиш, наплата на долгови или добивање на лотарија на денот на новата или полна месечина, се верува дека вашите финансии ќе растат во наредните денови. Можете дури да ја користите оваа симболика во вашите креативни визуелизации, замислувајќи ја Месечината над вас додека фантазирате да ги добиете сите пари што некогаш сте ги посакувале.

3. Често гледате пеперутки

Во многу култури, се смета дека темните пеперутки укажуваат на претстојните позитивни вести за вашата кариера, кои обично се поистоветуваат со добри вести и за вашата плата.

 

Loading...

 

4. Во вашето кафе има меурчиња

Ова е чудно, но постои верување на Исток што вели дека луѓето што гледаат меури на врвот на кафето ќе уживаат во позитивните промени во богатството. Значи, ѕирнете во површината на вашата следна чаша кафе пред да го испиете. И обратно, Канаѓаните веруваат дека ќе имате пари ако извадите меур од кафе со лажица, но нетреба да пукне.

5. Често наоѓате пари

Ако честопати наоѓате ситни пари на улица, тоа е знак дека енергијата на изобилство ве очекува наскоро. Според верувањето во фенг шуи, но и според стариот руски обичај, ваквите монети треба да се чуваат во тегла дома. Ставете тегла парички во кујната затоа што се верува дека овој детал може да биде магнет за пари.

Leave a Reply