Спиете со отворени уста? Веднаш треба да се од таа лоша навика!

Сподели со своите пријатели

Доколку често спиеме со отворени уста, штетата може да биде голема како и пиењето газирани пијалаци пред спиење.

Спиењето со отворени уста може да предизвика разни проблеми со забите, дури до таа мера да можете да останете без нив. Имено, плунката има природна способност да ги уништува бактериите кои произведуваат киселина. Што е помало произвоството на плунка, толку повеќе бактерии имате во устата, но и киселина, па забите побргу пропаѓаат.

Кога спиеме со отворени уста тие се сушат, а токму тоа е причината зошто таа навика штетно делува на забите. Имено, кога устата се суви, исчезнува заштитниот слој на плунката. Тогаш нивото на киселина во устата расте, а тоа ја гризе забната глеѓ. Најчесто пациентите со астма и опструктивна спиечка апнеа дишат на уста ноќе.

Зошто проѕевањето е толку заразно?

Loading...

Пропаѓањето на забите во текот на ноќта предизвикува и опаѓање на pH вредноста во устата. Нормалната pH вредност во устата е 7,7, што не е ниту базно, ниту кисело, а спиењето со отворени уста ја намалува на 6,6. Кај некои луѓе, нивото на киселост расте до 3,6 при намалување на pH вреднсота. Тоа е доволно да ја наруши забната глеѓ и има слично дејство како да сте испиле половина чаша сок од портокал или лименка газиран пијалак пред спиење.

Чувството на замор и исцрпеност научниците го препишуваат на спиењето со отворени уста. Зошто? Тогаш помалку кислород доаѓа до белите дроботи, а што предизвикува чувство на замор.

Научниците, исто така откриле дека спиењето со отворени уста може да биде штетно како и пиењето газирани пијалоци пред одење на спиење. Мажите се склони кон дишење низ уста во текот на сонот, додека само пет отсто од жените имаат таква навика. Истражувањата покажале дека една од причината за спиење со отворени уста може да биде и прекумерната тежина.

Leave a Reply