Спиел со над 12.000 жени, а сега заврши во затвор

Сподели со своите пријатели

Јукеи Такашима (65), поранешен директор на училиште во Јапонија бил уапсен во април годинава откако против него жалби поднела 13-годишна девојка. Овие денови поранешниот директор добил и условна казна затвор.

Казната во траење од две години поради сексуални односи со најмалку три малолетнички од 12 илјади жени со кои имал односи за време на неговиот престој на Филипините.

Овој поранешен просветен работник е осуден поради „фотографирање на својот личен чин со три малолетнички“ на возраст меѓу 12 и 14 години во готел во манила пред две години, се наведува во одлуката на судот.

Ова е срамно и развратно. Како просветен работник требало да знае дека на Филипини, исто како и во Јапонија, децата мора да бидат заштитени – изрекла судијката Наоко Омори која смета дека Такашима ја злоупотребил тешката економска ситуација на девојчињата.

За време на сослушувањето, такашима и објаснил на полицијата дека започнал да плаќа за секс уште во 1988 година кога на три години бил испратен во јапонско училиште во Манила.

Подоцна продолжил да доаѓа на Филипините три пати годишно. За време на своите посету, вкупно 65 на број, Такашима спиел со 12.600 жени, на возраст од 12 до 70 години.

Овој Јапонец кај себе имал 400 гото-албуми со 1500 илјади фотографии на жени кои ги снимил во распон од 27 години.

Јапонските медиуми наведуваат дека оптужениот на судот изјавил дека има обичај да собира предмети, па така сакал да ги сочува и овие „сувенири“.

Освен продажбата и диструбуција на фотографии и видео снимки со порнографска содржина, јапонскиот закон во 2014 година предвидува казна и за нивно поседување.