СПЕКТАКУЛАРНО: Ракетата на Space X успешно слета (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Прототип на ракетата на Спејс Екс на американскиот милијардер Илон Маск, Старшип, слета успешно, по четири неуспешни обиди.

Loading...

Старшип полета од локацијата на компанијата во Бока Чика на југот на американската сојузна држава Тексас и достигна планирана максимална висина од 10 километри, по што лебдеше за момент, а потоа се упати назад надолу кон Земјата.

По враќањето во вертикалната положба, леталото слета мирно.

Видеото од спуштањето покажува како пламенот продолжува да гори дури и по исклучувањето на моторот, но системот за автоматско спречување на пожар испушти млаз вода и го изгасна.

Веста за успешното слетување Маск ја објави на Твитер, користејќи го јазикот специфичен за летовите во вселената: „Слетување на Старпип номинално!“

Овој успех е клучна пресвртница за приватната компанија на Илон Маск во развојот на вселенско летало што може да се користи, способно да носи големи количини товар и астронаути на Месечината и Марс.

Ова беше петто лансирање на целосно завршен модел на летало на надморска височина од 10 километри од декември 2020 година и за време на претходните обиди, авионот експлодираше за време на слетувањето или веднаш по слетувањето.

 

Loading...

Leave a Reply