СПЕКТАКУЛАРНО ПАТУВАЕ НА ФАРАОНИТЕ: „Златна парада“ на мумии во Египет (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во Египет се одржа свечена парада и прослава по повод пренесувањето на 22 скапоцени мумии од стариот музеј во центарот на Каиро во новата зграда на Националниот музеј на египетска цивилизација, која исто така се наоѓа во главниот град.

Loading...

Церемонијата е дизајнирана да го прикаже огромното археолошко наследство и културното наследство на Египет, пренесува АП.

 

 

Мумиите биле транспортирани во специјални климатизирани саркофази, со камиони украсени со крилја во фараонски симболи, а египетската артилерија испукала 21 почесен вод по повод овој настан.

Историска поворка на кралски мумии тргна од плоштадот Тахрир во Каиро кон новото почивалиште во 18 часот по локално време, а голем број Египќани беа сведоци на спектакл кој чинеше милиони долари.

 

Loading...

 

Повеќето мумии се од периодот на Новото кралство од 1539 до 1075 година п.н.е., а меѓу нив има и мумии на Рамзес Втори, еден од најпознатите египетски фараони и кралицата Хатешепсут.

Таа беше единствената жена во позиција на фараон која владеела како маж носејќи лажна брада за да нема сомнеж дека со традиционалниот, партиско-архаичен Египет владее жена, објави Министерството за антика на Египет.

 

 

Ќе почиваат на ново место

Loading...

Остатоците од 18 кралеви и четири кралици, сортирани според возраста, биле носени на одделни платформи украсени во антички египетски стил во поворка наречена „Златна парада на фараоните“.

Остатоците биле пренесени од Египетскиот музеј во центарот на Каиро, каде што престојуваа со децении, во Националниот музеј на египетска цивилизација, отворен во 2017 година на југот на градот.

 

 

Тие ќе бидат поставени таму во „малку помодерни излози“, рече Салима Икрам, професор по египетологија на Американскиот универзитет во Каиро.

„Контролата на температурата и влажноста ќе биде подобра отколку во стариот музеј“, додаде Икрам, експерт за мумификација.

 

Loading...

 

Мумиите ќе бидат лоцирани во Кралската мумиска сала и ќе можат да се гледаат од 18 април. Салата е дизајнирана така што посетителите ќе имаат чувство дека се наоѓаат во Долината на кралевите во Луксор.

Во нивниот нов дом, тие ќе бидат изложени одделно, секој до саркофаг, а во некои случаи и статуа.

 

Loading...

 

Националниот музеј на египетска цивилизација беше завршен во 2010 година и „планирав да го отворам во 2012 година“, рече египетологот Захи Хавас. Тоа падна во вода заради револуцијата во 2011 година и нестабилноста што следеше по неа.

Во следните месеци, Египет треба да отвори уште еден музеј, Големиот египетски музеј, недалеку од Пирамидите во Гиза.

 

Loading...

 

Исто така, ќе содржи фараонски колекции, вклучително и мумифицирани остатоци од Тутанкамон.

 

Leave a Reply