Спектакуларно отворање на „Гимназијада 2016“ (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Најголемата спортска манифестација за средношколци од целата држава и официјално од вчера е отворена со спектакуларен музичко-културен хепенинг во кој учество зедоа околу 300 ученици и уметници.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”353″]

 

На отворањето присуствуваа Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасевски, директор на Федерација на училишен спорт на Република Македонија, Александар Туфекчиевски, Градоначалникот на Општина Куманово Зоран Дамјановски, претседателот на Советот на Општина Куманово – Максим Димитриевски и околу шест до седум илјадитна публика која ја преполни Спортската сала.

 

 

Симоболично настанот го отворија учениците од Куманово кои ќе бидат дел од сите спортски случувања денес и утре како домаќини на околу 700 ученици од другите градови ширум Македонија.

 

Loading...

 

Свои настапи имаа најмладите граѓани, дечињата од ЈОУ Детска градинка „Ангел Шајче“, членовите на групата „Мак Денс“ кои се прваци во урбан танц на државно ниво, а со своите прекрасни вокални способности се претставија Мартија Станојковиќ, Мартинијан Кириловски и Ивона Јовановиќ.

 

 

На крајот свое обраќање имаа градоначалникот Зоран Дамјановски кој истакна дека е завршено и пробното полнење на градскиот затворен базен што ќе овозможи уште поголем развој на спортот во општината, а директорот на Агенцијата за млади и спорт на сите учесници им посака фер натперварување и да победи најдобриот.

За целокупната фотогалерија од настанот кликнете тука.