Спектакл на небото по 36 години: Зошто денешниот ден е посебен?

Сподели со своите пријатели

Редок астрономски настан – „сина, крвава супермесечина“ ќе биде видлив денеска по цели 36 години, но од одредени делови на планетата.

Месечината мириса на барут, а вселената?

Loading...

Настанот предизвикува големо внимание затоа што денеска ќе се спојат три необични лунарни појави: Супермесечина, сина Месечина и целосно помрачување на Месечината.

Јутјубер тврди дека има несоборлив доказ дека слетувањето на Месечината било лажирано (видео)

За жал, Европа не е помеѓу местата од кои овој феномен ќе биде видлив. Во него ќе уживаат луѓето во Северна Америка, Азија, на Блискиот исток, Русија и Австралија.

Оваа месечина е класифицирана како „супер“ кога е најблиску до Земјата и ќе биде за 30 отсто поголема и посветлна на небото.

На аукција прашина од Месечината која ја донел Нил Амстронг

До „сината“ Месечина доаѓа кога во истиот месец имаме две полни Месечини (првата беше на 1. јануари).

Месечината ќе биде и „крвава“ поради својата боја на бакар која е видлива на површината.

Полната Месечина секогаш има полна енергија, моќна е, креативна и опкружена со магија. Космичките енергии кои доаѓаат од сината или супер месечина неколку пати се помоќни од оние кои ги има обичната. Затоа на 31. јануари лунарната енергија ќе биде на својот максимум.

Што се случува со американските знамиња на Месечината?

Последната ваква Месечина луѓето имале можност да ја видат во 1866. година.

На следната страница читајте ДАЛИ ПОГРЕБОТ НА МЕСЕЧИНАТА СТАНУВА РЕАЛНОСТ?

Pages: 1 2