Спасувачите од капаче му даваат вода на момче кое поминало 45 часа во урнатините (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Спасувачите во Сирија и Турција прават натчовечки напори да извлечат десетици илјади луѓе заробени во урнатините по серијата разорни земјотреси.

Loading...

Една од акциите се одвива во Турција, каде спасувачите успеале да стигнат до момче од Сирија кое 45 часа поминало на студ без вода и храна.

Она што успеа да ги насолзи милионите кои го видоа видеото е сцената во која спасувачите му даваат капки вода на Мохумад од капаче, кој, според локалните медиуми, бил заробен цели 45 часа.

Засега нема информации дали конечно е извлечено од урнатините.

Чудо е што спасувачите воопшто успеале да го пронајдат, но и што речиси два дена сам преживеал на температури под нулата, закопан.

Ова е само една од приказните што ја враќаат надежта за иднината во Турција и Сирија, кои со денови се соочуваат со огромна катастрофа.

За жал, бројот на загинати се очекува да расте во наредните денови, бидејќи спасувачите имаат се помалку време да им помогнат на затрупаните.

Последните податоци покажуваат дека во Турција и Сирија како последица од земјотресот загинале 9.400 луѓе.

Loading...

Властите и спасувачките тимови стравуваат дека десетици илјади од нив се под урнатините.

 

 

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.