Спасовски во ”Топ тема”: Дел од лажните лични карти се користени и во Куманово (видео)

Сподели со своите пријатели

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, вчеравечер беше гостин во емисијата ”Топ Тема” на Телма ТВ, на теми кои се актуелни во јавноста а се поврзани низа сканадли со фалсификуваните лични карти, но и темата за бегалската криза, како и прашања поврзани со тоа дали СДСМ го управува или го контролира МВР и како петмнина функционери би биле гаранти за слободни избори согласно договорот од Пржино.

Loading...

Спасовски во ”Топ Тема” се наврати на обвинувањата на ИВЗ за неиституционалното решавање односно немање контрола над неколку џамии во кои наводно се пропагираат радикални исламски идеи и регрутирање на борци на ИСИС од Македонија, како и екипирањето на МВР и креирање на тимот што ќе работи со новиот министер и реформите кои ќе следат во Управата за безбедност и контраразузнавање.

Во едночасовното интервју, новиот министер говореше и за преземените мерки за вештачење на 105 фалсификувани лични карти доставени во МВР неодамна, а користени во Штип, Куманово, Гостивар и други градови.