Спасовски од Куманово вети повисоки плати за настанвиците (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Кандидатите за пратеници на СДСМ во втората изборна единица вчеравечер одржаа три поедниечни средби од приградсите населени места во Куманово, каде презентираа дел од своите мерки за парламентарните избори.

 

Loading...

cfece

 

Носителот на листата, Оливер Спасовски истакна дека во образованието мораме да се направат темелни и сериозни реформи за да се врати достоинството на просветните работници.

Да им ги зголемиме платите за да бидат мотивирани за да им пренесуваат знаење на учениците. Да не ги правиме административни работници како што се сега, да пишуваат по дневници и рпограми, а малку да посветуваат внимание на просветниот процес. На Македонија и се потребни вистински образовани и квалитетни кадри. Ние од СДСМ не ја прифаќаме реформата со која може да се купуваат димпломи во трафика како што е сега случај, таа реформа ја уништува Република Македонија. Не прифаќаме толку многу часови за децата во училиштата. Најавуваме, намалување на бројот на часови и предмети кои ќе се изучуваат, бидејќи само на таков начин ќе се подигне квалитетот на образованието. Квалитетот на образованието не значи печатење на книги по Кембриџ, сегашното печатење заради семање на проценти и ставање на пари во приватни џебови – рече Спасовски.

unnamed

 

Како што истакна Спасовски, ова не е битка за партии и лидери, туку за младите и подобар живот во Македонија.