Спасовски: Очекувам граѓаните да го потврдат патот по кој сите ние се движевме

Сподели со своите пријатели

„Очекувам граѓаните да излезат масовно на изборите, да го потврдат патот по кој сите ние се движевме, да избереме сигурност, развој, визија и перспектива, наспроти опасноста и враќањето назад“, рече денеска премиерот Оливер Спасовски од кумановската населба Перо Чичо каде го оствари своето гласачко право.

Loading...

 

 

Според Спасовски, Владата покажала дека може и во услови на пандемија да организира фер, демократски и слободни избори и пред се безбедни по здравјето и животот на граѓаните.

– Навистина треба да се одаде признание и на Комисијата за заразни болести, на сите оние кои што ги спроведуваат изборите, Државната изборна комисија, за тоа се поставија вистински протоколи кои гарантираат безбедно гласање од страна на здравјето на граѓаните и во услови на оваа пандемија е многу важно денеска граѓаните да излезат на избори и слободно да ја изразат својата волја, да видиме врз основа на одлуката каде ќе се движи државата во наредниот период. Ова е сериозен предизвик заради тоа што во вакви сериозни времиња и одговоноста на секој еден граѓанин е голема со цел да воспоставиме институции ои се ефикасни, институции кои што се со полн легитимитет, кои ќе можат да носат одлуки во наредниот период за зачувување на здравјето да се носат одлуки кои ќе значат подобрување на економската сосотјба во државата, односно економската криза, изјави Спасовски.

 

Loading...

 

Никола Ивановски

Leave a Reply