Спасовски објави детали како МВР издавало лични карти на граѓани од Пустец (видео)

Сподели со своите пријатели

Веќе неколку недели од моето назначување како интензивно работам на аферата за издавање на фалсификувани лични карти, соопшти денес Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи на денешниот прес посветен на нови детали за големиот скандал кој добива нови димензии.

– За да проверам како функционирал системот, дадов наредба да се провери како им се издадени лични карти на 22 лица, и тоа по случаен избор. Станува збор за луѓе за кои во јавноста беа отворени сомнежи за нивното живеалиште и како се нашле на избирачкиот список.

Решение за живеалиште е клучен документ без кој не смее да биде издадена лична карта. Комплетната документација вклучува теренска проверка каде тоа лице живее и на која адреса, документ од имотен лист или договор за закуп. Ниеден од овие 22 лица нема ниту еден од овие документи. Нивните лични карти со кои имале право да гласаат, се издадени целосно незаконски. Едно лице од вкупно 22 воопшто не поседува лична карта, а постои во избирачкиот список, што значи дека гласало. Ова докажува дека се правени злоупотреби со лични карти и дека брутално се злоупотребени законски одредби за издавање лична карта. Се потврдува она што го кажав вчера дека само инстуциите на државата ги имаат личните податоци на граѓаните – изјави Спасовски.

 

Loading...