Спасовски: На 15 октомври жителите на Старо Нагоричане ќе си ја вратат општината и ќе изберат живот за сите (видео)

Сподели со своите пријатели

Промените што започнаа на 11 декември 2016 година, ќе се заокружат со ослободувањето на секоја општина во Македонија, што е заробена од ВМРО-ДПМНЕ, порача потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски на вечерашниот митинг во Старо Нагоричане.

Пред граѓаните, Спасовски посочи дека секој поединец е важен и дека заврши времето кога некој бил дискриминаран поради политичката определба.

– Заврши времето кога земјоделците не можеа да земаат пензии само поради тоа што не биле блиски до ВМРО-ДПМНЕ и нивните моќници. Сега, за неполни сто дена професионално и неселктивно се исплатени 68 милиони евра на сите земјоделци кои го имаат тоа право, посочи Спасовски.

 

Loading...

 

Спасовски ги повика граѓаните да дадат масовна поддршка за кандидатката за градоначалник од СДСМ и коалицијата, Жаклина Јовановска и листата за советници во општината и со тоа да стават крај на неодговорното владеење и да си ја вратат општината назад.