Спасовски: Безбедносната сосотјба со сообраќајот во Куманово е стабилна (видео)

Сподели со своите пријатели

Стабилна е безбедносната состојба со сообраќајот во Куманово и регионот, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Иако граѓаните се жалат на ноќни трки со мотори, зголемен број автомобили и невнимателно возење, сепак според првиот човек на полицијата, за тоа треба да има и повисока свест кај возачите и граѓаните, а полицијата е на терен и презема мерки за превентивно делување во однос на регулација на сообраќајот.

Контролата е зголемена веќе 20-ина дена по посебен план се работи на контрола секојдневно меѓутоа верувајте дека не можеме да задолжиме по еден полицаец на едно возило. Ние имаме патрола постојано и на „Трета Македонска Ударна Бригада“ и на „Октомвриска револуција“ и околу кејот меѓутоа за тоа мора да помогнат и возачите, граѓаните ако сакаме да бидеме безбедни во делот на сообраќајот. Инаку се што е потребно не само во Куманово туку и во Македонија македонската полиција ќе се доближи до граѓаните со цел да имаме поголема безбедност меѓутоа и поголема соработка помеѓу граѓаните и полицијата – изјави Спасовски.

Loading...

 

Деновиве низ Куманово е неподносливо за возење. Фрекфенцијата на возила е огромна со оглед дека печалбарите се вратија на одмор, а и топлото време ги натера луѓето да седнат во своите автомобили, наместо да одат пеш.