SpaceX лансираше најголем број сателити во една мисија – дури 143

Сподели со своите пријатели

Ракетата Falcon 9 на SpaceX полета во вселената во неделата, носејќи досега најголем број сателити, соопшти приватната компанија.

Loading...

Ракетата беше лансирана од Кејп Канаверал, Флорида во 10 часот наутро (16 часот по средноевропско време), 24 часа подоцна од првично планираното, поради лошите временски услови.

Енди Тран, лидерот на SpaceX, во видеото што го придружуваше лансирањето, рече дека Falcon 9 превезува 133 комерцијални и владини сателити и 10 сателити SpaceX.

Ова е досега најголемиот број „сателити“ кои се „транспортираат во една мисија“, додаде тој.

SpaceX го испраќа Falcon 9 како дел од програмата позната како „rideshare“, според која помалите компании му плаќаат на Елон Маск за лансирање на нивната технологија во вселената.

SpaceX во низата објави на Твитер соопшти дека поставил 143 сателити.

Компанијата, основана од Илон Маск, сака да стави во орбитата илјадници помали сателити кои ќе формираат мрежа Starlink што ќе овозможи пристап до брз интернет од вселената.

Некои научници изразија загриженост за големиот број сателити кои кружат околу Земјата. SpaceX тврди дека тие се дизајнирани да изгорат во атмосферата по неколку години.

Loading...

Leave a Reply