Советот за безбедност на ОН денеска за Босна и Херцеговина

Сподели со своите пријатели

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе одржи полугодишна дебата за Босна и Херцеговина, објавено е на веб-страницата на ОН.

Loading...

Се очекува Советот за безбедност на ОН да гласа за продолжување на мисијата Алтеа (мултинационалните сили за стабилизација предводени од ЕУ) за уште една година.

Актуелниот мандат на мисијата истекува на 3 ноември, јавува РТРС.

Гана, која претседава со Советот за безбедност во ноември, оваа седница ја закажа на вториот ден од своето претседавање.

Според планот на седницата, БиХ ќе биде единствена тема на седницата и се очекува да биде донесена одлука за статусот на мисијата Алтеа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мадуро размислува за повторно отворање на Канцеларијата на ОН за човекови права во Венецуела

Според Klix.ba, на седницата ќе се обрати амбасадорот на БиХ во ОН Свен Алкалај.

Не е сигурно дали ќе зборува и високиот претставник Кристијан Шмит, со оглед на тоа што Русија како постојана членка на Советот за безбедност не го поддржа неговото назначување.