Советот на Општина Куманово утре ќе расправа по 15. точки

Сподели со своите пријатели

Петнаесет точки утре ќе се најдат на дневниот ред пред членовите на Советот на Општина Куманово кој ќе се одржи во кружната сала на зградата на поранешен Комитет со почеток во 10 часот.

Тримесечниот извештај за финансиско работење на Јавното претпријатие „Водовод“ од јануари до март ќе биде точката која ќе ја отвори 12. седница, а веднаш потоа следуваат и извештаите на ЈП „Куманово гас“.

Советниците ќе треба да расправаат и по предлог решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на Статутот на ЈП „Куманово – гас“ по штоќе се премине на разгледување на извештај за деловно финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ за период јануари – март 2018 година.

Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово од советниците ќе побара решение за давање согласност за поголем број деца во воспитните групи, а воедно советниците ќе треба да донесат одлука за согласност за изменување и дополнување на статусот на оваа јавна установа.

Измена на распоредот на средствата од Буџетот на Општина Куманово за 2018 година исто така ќе биде точка на дневен ред, а веднаш по неа и предлог – одлука за давање согласност на годишен план за вработување.

Меѓу 15те точки е и предлог – измена и дополнување на планот на програми за развој на Општина Куманово за 2018 година и предлог – програма за изменување и дополнување на програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на градот.

Четири од точките се однесуваат на делот урбанизам, односно урбанистички план за

Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од  У.Е. „Гоце Делчев”, дел од Урбан блок 29, плански опфат меѓу ул. „2001″, ул. „1″, пешачка патека и ул. „222″ – Општина Куманово;

Предлог – Одлука за промена на трасата на линиските инфраструктурни објекти со решение на крстосница на дел од ул. „Трета МУБ“ и ул. „11-ти Октомври“ – Општина Куманово;

Предлог – Одлука за промена на трасата на линиските инфраструктурни објекти со решение на крстосница на дел од ул. „11-ти Октомври“ и ул. „Пролетерски Бригади“ – Општина Куманово;

Предлог – Одлука за промена на трасата на линиските инфраструктурни објекти на дел од ул. „Гоце Делчев“ на потег помеѓу крстосница со ул. „Борис Кидрич“ и ул. „Трст“ за предвидување на автобуски стојалишта – Општина Куманово.

Leave a Reply