Советникот на Зеленски: Украина одбива примирје без повлекување на сите руски војници

Сподели со своите пријатели

Советникот на претседателот на Украина, Михаило Подољак денеска најави дека Киев нема да се согласи на прекин на огнот додека не се повлечат сите руски војници.

Loading...

„Не ни нудите примирје, тоа е невозможно без целосно повлекување на руските трупи. Украина не е заинтересирана за новиот „Минск“ проследен со продолжување на војната по неколку години“, напиша советникот на Володимир Зеленски на својот Твитер профил.

 

Црвениот крст почна да ги попишува воените заробеници од Азовстал

 

Од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари, Подољак учествуваше во неколку рунди преговори со Москва.

Мировниот договор меѓу Украина и Русија кој го спомна Подољак беше склучен во Минск во 2015 година, со посредство на Франција и Германија.

 

Loading...

Џорџ Буш ја помеша Украина со Ирак: Инвазијата на Ирак е брутална и неоправдана

 

Подољак додаде дека преговарачкиот тим на Украина ќе биде „оружје, санкции и пари“ додека Русија не биде подготвена „целосно да ги напушти териториите што ги окупираше“.