Советниците утре ќе ги „испрашуваат“ Димитриевски и општинските служби

Сподели со своите пријатели

Советот на Општина Куманово утре ќе ја одржи својата осма седница на чиј дневен ред ќе се најде една единствена точка – советнички прашања.

Loading...

Право на по две прашања ќе има секој член на Советот и истите ќе може да ги упати до градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски или до раководителите на општинските сектори.

Пракса на Советот на Општина Куманово е ваква седница да се одржува еднаш во неколку месеци.

Инаку, седницата ќе започне во 10 часот во големата сала на поранешен Комитет.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Низа хуманитарни настани на Црвен крст Куманово во април