Советниците и градоначалникот побараа ревизија за работењето на Дамјановски

Сподели со своите пријатели

Со 30 гласови „за“ и еден „воздржан“ Советот на Општина Куманово ќе бара ревизија за материјално и финансиско работење на Општина Куманово во последните четири години.

По предлог на советникот Зоран Петрушевски од ГРОМ на денешната седница на Советот на Општина Куманово како дополнување на дневниот ред беше ставена точка која предвидува ревизија за материјално и финансиско работење на Општина Куманово во период од март 2013 до 1 ноември 2017 година, односно периодот кога со градот раководеше Зоран Дамјановски како градоначалник.

 

Loading...

 

Како што потенцираше советникот Петрушевски мотивот го додибл од предизборната кампања на актуелниот градоначалник Максим Димитриевски, кога како кандидат најавуваше борба против урбаната мафија и градежниот криминал во градот.

– Градоначалникот тврдеше дека ќе се бори со урбана мафија и крминал. Мислам дека и ние од Советот треба да донесеме одлука за ревизија. Во изминатите години цената на превоз по ученик изнесуваше 230.-250 евра, за разлика од останатите општини каде сумата беше помала. Дополнителен мотив е што општината должи 170 милиони денари и е финансиски целосно блокирана, рече Петрушевски.

 

 

Градоначалникот Димитриевски вели дека ќе се спреави со урбаната мафија и сообраќајниот хаос, а сите тендери кои ќе ги потпише додека ја извршува функцијата, ќе ги објавува на огласна табла во општината, но и на веб сајтот на Општина Куманово.

– Поддржувам ваков предлог, планирав во 2018 година да се спроведе ревизија за она што значи доаѓање на нов градоначалник. Граѓаните треба да ја знаат вистината, но во подолг временски период, од 2000 година. Секој ден доаѓаат извештаи од државни ревизори, но за жал иако очекувам нема забелешки, рече Димитриевски.

По кратката пауза дилема се отвори околу прашањето како да се изврши ревизијата со оглед дека, според раководителот на Секторот за финансии при Општина Куманово, Ирена Илиевска Државниот завод за ревизија може да изврши контрола на годишно работење или тематско. Воедно таа наброја низа ревизии кои во изминатите години биле спроведени врз работата на локалната самоуправа.

– Започнувајќи од 2005 година наваму, Oпштина Kуманово беше под постојана опсада од страна на Државниот завод за ревизија и Финасиска полиција и Стопански криминал и други институции надлежни за контрола на работење на материјално и финансиско работење на општината. Во текот на овој период општината имаше по минимум три до четири ревизии годишно, изјави Илиевска.

 

Loading...

 

Според Илиевска ревизии имало во 2004, 2009, 2013 година која се врши согласно закон. Тематска ревизија за ефикасност, ефективност и финансиско работење во 2015, 2016 и 2017 година. Меѓу тематските ревизии контрола имала вршено и за процесот на легализација на дивоизградените објекти, блок дотации за противпожарна заштита, но и комунални услуги и нафта за затоплување на училиштата.

– Минатата година во јуни Финансиската полиција влезе и ги одзеде сите документи за превоз на ученици за претходните пет години, тие документи и овој процес траеја една година и пред два месеци општината доби известување со кое е потврдено дека нема никакви неправилности за спроверување на самата постапка и реализирање на истата, додаде Илиевска.

Останува градоначалникот Максим Димитриевски да достави барање до Државниот завод за ревизија по што ревизорите треба да го прочешлаат работењето на Општина Куманово за посочениот период.