Советниците ги усвоија финансиските извештаји за јавните претпријатија (видео)

Сподели со своите пријатели

На дневниот ред на 44-та седница на Советот на општина Куманово одржана денес, првите точки се однесуваа за финансиските извештаји за работата на јавните претпријатија од градот.

Loading...

Финансискиот извештај за работата на ЈП „Водовод“ помина без значајна дискусија и беше усвоен од страна на советниците на општината. Инаку оваа претпрјитаие откако со него менаџира Горан Стојковски, бележи подобрување во работата и остварува добивка.

Директорот Стојковски изјави дека зголемените приходи на претпријатието се должат на домаќинското работење, но и на штедењето.

За првите три месеци, ЈП Водовод има добивка од 6,3 милиони денари, додека за девет месеци од 2015 година остварена е добивка од 3 милиони 280 илјади денари. Добивката ќе беше поголема да не решеше заменик претседателот на ВМРО ДПМНЕ на локално нниво да ја затегне водата во Куманово кога најмногу се трошеше – потенцираше директорот на ЈП „Водовод“.

imer saiti

Советниците, дискутирајќи го финансискиот извештај за ЈП ”Пазариште” директорот Имер Саити соопшти дека во споредба со претходните години оваа јавно претпријатие бележи зголемување на добивката, а намалување на расходите.

Ако во истиот период минатата година загубата ни беше 1,4 милиони, сега ја сведовме на нула денари, приходите во овие за третиот квартал беа за 300 илјади денари поголеми за разлика од периодот лани, кога беа 800 илјади и мислам дека со вакво темпо на работа до крајот на годината ќе имаме добра добивка – изјави Саити.

Loading...

Директорот истакна дека тоа се должи на тоа што нелегалните продавачи сега се во пазарот со нови тезги, како и добрата работа на кванташкиот пазар, но и издавање на деловен простор во сопственост на претпријатието. Тој истотака најави дека во иднина постојат големи можности претприајтието да добие ивестиција од ИПАРД програмата за проект што не бил спроведен во последните педесет години.

По дискусијата на советниците, советот ги усвои извештаите на ЈП „Пазариште“ за периодот април – јуни, како и јули – септември.

На денешната седница беше донесена и годишниот план за уредување на градското зеленило, но во програмата не се предвидува зголемување на зелените и цветните површини во градот, туку само одржување и уредување на постојачките. На ваквата одлуа замери советникот Јовица Станковски, кој истакна дека на Куманово му се потребни повеќе зелени и цветни површини.

Програмата сепак на крајот беше изгласана од страна на советниците.