Сослушување на заштитени сведоци во случајот „Диво насеље“

Сподели со своите пријатели

Во Кривичниот суд во Скопје денес се одржува новото рочиште од случајот „Диво насеље“ каде се сослушуваат заштитените сведоци, поради што и рочиштето се одвива зад затворени врати, скриено од очите на јавноста, односно без присуство на новинари.

До крајот на август треба се сослушаат околу 40 заштитени сведоци поради што сите следни рочишта ќе бидат затворени за јавноста, а од септември се очекува новинарите повторно да можат да ги следат процесите.

Инаку во случајот „Диво Насеље“ обвинети се 29 лица за тероризам за случувањата на 9 и на 10 мај минатата година, кога беа убиени осум полицајци, а 14 беа повредени.