Сопственик на фирма фатен во изготвување лажни деловни книги

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.С. (32) од с.Гошинце и ДПТУ „Сокол Арс Ком“ ДООЕЛ поради постење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување или уништување деловни книги“.

Loading...

Истиот како управител на правниот субјект, кој поседува решение за промет на огревно дрво и други дрвни сортименти изготвил испратница и ја заверил со свој потпис и печат на правниот субјект, во која внел невистинити податоци дека во товарно возило „мерцедес“ управувано од С.Б.(25) има натоварено 12 метри кубни жигосани огревни дрва.

По ова, од страна на шумска полиција е извршена контрола и е утврдено дека во товарното возило имало 10,5 метри кубни огревни дрва и истите биле нежигосани.