Сообраќајот на автопатот Скопје – Миладиновци – Куманово со изменет режим

Сподели со своите пријатели

Сообраќајот на патниот правец Скопје – Миладиновци – Куманово денеска ќе се одвива со изменет режим, според сообраќајниот проект  тех.бр.155/2015 за времена измена на сообраќајо, информираат од Јавното претпријатие „Македонија пат“ – Куманово.

Сообраќајот ќе биде пренасочен десно по наплатната станица Миладиновски, преку автопатот Куманово – Велес, па се до клучката кај аеродромот Александар Велики до приклучокот на автопатот Велес – Куманово, стои во дневниот билтен на Регионалниот центар за управување со кризи.