Сонувала дека ја ограбуваат, го голтнала прстенот па завршила во болница

Сподели со своите пријатели

Необична ситуација се случила на 29-годишната Џени Еванс од Тексас. Таа сонувала дека се бори со лошите момци во возот за да го сочува својот венчален прстен, што ја натерало да го проголта.

Loading...

„Јас дури и се разбудив, но мислев дека сонувам и продолжив да спијам. Утрото видов дека прстенот ми го нема на раката”, напиша Џени Еванс на својот Фејсбук профил.

Таа и нејзиниот сопруг отишле кај лекарите, кои препорачале дека е подобро во нејзиниот случај да не се остави на природа, туку да го отстрани прстенот со ендоскопија, пренесува NBC.

Тоа е постапка што се користи, меѓу другото, за отстранување на туѓи тела од дигестивниот тракт и вклучува прегледување на внатрешноста на телото со ендоскоп, специјално дизајниран инструмент со мала камера на крајот на долга и флексибилна цевка.

„Мојот сопруг ме одведе кај гастроентеролог и на сите, морав да им објаснам дека навистина го проголтав мојот венчален прстен“, изјавила Џени Еванс за американските медиуми.

Сè поминало добро на крајот, Џени била во ред, а лекарите го пронашле прстенот во нејзините црева, го отстраниле и му го вратиле на сопругот.

Leave a Reply