СОНИШТА: Народни толкувања или психологија?

Сподели со своите пријатели

Дали некогаш се будите и размислувате за она што сте го сонувале? Во случај да сте мислиле дека соништата не се важни потсетете се дека Тесла благодарение на сон направил генератор за наизменична струја, а дека Менделеев исто така го направил периодниот систем на елементите.

Сите сонуваат, но секој на сонот гледа поинаку. Египјаните, на пример, сметале дека соновите се пораки од боговите и верувале во нивните исцелителни моќи. Денес изгледа дека на соништата ретко обрнуваме внимание.

Но, што се соништата? Дали тие се одраз на нашите скриени желби и царскиот пат во подсвеста, како тоа го толкува Фројд? Или тие се толку едноставни што можеме да ги толкуваме со помош на симболи од народен соновник?

На пример, соновникот вели дека ако сонувате каранфил, тогаш тоа значи дека ве чека голем успех. Соништата може да ни укажат и на некои одредени проблеми.

Народот вели дека ќе бидеме среќни ако плачеме во сон, а дека насмевката укажува на идни проблеми.

Верувале или не, сепак соништата се корисни. Освен што може да ни укажат на телесни заболувања, може даукажат и на грешките кои ги правиме.