Сончево време и раст на температурите

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер кој долж Повардарието краткотрајно ќе засилува, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната од 26 до 34 степени.

Следува период на претежно сончево време со постепен пораст на температурата. Повисоки дневни температури ќе има од средината на работната недела кога и облачноста краткотрајно ќе се зголемува, а особено топло ќе биде на југоистокот.

Leave a Reply