Сончево во претпладневните часови, а попладне локален пороен дожд и грмежи

Сподели со своите пријатели

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во северозападните делови со услови за локален краткотраен дожд и појава на ретки грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималните температурни вредности ќе се движат од 10 до 16 а дневната највисока температура на воздухот ќе биде во интервалот од 24 до 30 степени. Вредноста на УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Куманово и околината денес ќе имаме умерено облачно време со услови за дожд и појава на ретки грмежи во попладневните часови. Ќе дува умерен ветер од западен, односно северозападен правец, максималната дневна температура ќе изнесува 24, а истата во текот на ноќта ќе се спушти на 12, за кога исто така постојат услови за врнежи од дожд.

Од денес, според УХМР следуваат денови со сончево време во претпладневните часови, а попладне со локален пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во благо опаѓање.