Сончево и топло за викенд

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен североисточен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури ќе се движат од 12 до 19, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 28 до 36 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и топло време со максимална дневна темпертура до 32 степени целзиусови.

Во следните денови ќе продолжи периодот на сончево и топло време со мала до умерена локална облачност.

Од вторник во попладневните часови во планинските предели ќе има и услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Leave a Reply