Сончево и топло време на последниот работен ден неделава

Сподели со своите пријатели

Овој петок ќе биде сончев и умерено топол јулски ден, пишува порталот Метео Про.

Температрата низ вардарскиот тек, како и во централниот источен регион ќе има вредности во границите помеѓу 30°С и 34°С а низ остатантите краишта помеѓу 27°С и 30°С. УВ индексот ќе биде висок и ќе има вредност 8.

Во Куманово и околината денес ќе имаме сончево време со мала облачност и умерен северен ветер. Максималната дневна температура ќе изнесува 32 степени.

И за време на викендот не очекува стабилно и сончево време, а од вторник се враќаат и екстремно високите температури.