Сончево и топло со услови за нестабилност во попладневните часови

Сподели со своите пријатели

Денеска претпладне ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде умерено облачно со услови понекаде и особено во планинските региони за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи изасилување на ветерот, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Минималните температури ќе се движат од 6 до 12, а максималните дневни ќе бидат во интервал од 24 до 28 степени целзиусови.

До сабота, како што додаваат од Управата, ќе преовладува топло време со значителен пораст на температурата на воздухот. Претпладне ќе биде сончево, а во попладневните и вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме и ќе има појава на град и засилен ветер. Особено поинтензивни процеси на повеќе места ќе има во сабота.

Во недела и понеделник ќе има преодно стабилизирање на времето со благ пад на температурата.

Leave a Reply