Сончево и топло со температури до 36 степени

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб северен ветер, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринските температури ќе бидат во интервалот од од 11 до 20 а дневната највисока температура од 29 до 36 степени.

Во Куманово и околината денес ќе имаме сончево и топло време со слаб ветер од северен односно северозападен ветер. Максималната дневна температура ќе изнесува 32 степени целзиусови.

До недела ќе се задржи претежно сончево време со пораст на температурите, а особено топло ќе биде за време на викендот. Во недела кон крајот на денот ќе има услови за краткотраен дожд и појава на ретки грмежи, а во почетокот на наредната седмица на повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а дневната температура ќе биде во опаѓање.