Сончево и топло со температури до 25 степени

Сподели со своите пријатели

Времето денеска претпладне ќе биде умерено до значително облачно, попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималните температури ќе се движат од 4 до 11, а максималните од 19 до 25 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време со температура до 22 степени целзиусови.

Во наредните денови во поголем дел од земјава времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а услови за изолирана појава на краткотраен дожд ќе има во западните делови. Поголемо наоблачување со локален дожд ќе има за време на викендот и во почеток на наредната работна седмица.

Leave a Reply