Сончево и топло со температура до 23 степени

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и топло, а мала до умерена облачност се очекува попладневните часови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од јужен и југозападен правец. Максималната температура ќе се движи од 14 до 23 степени.

Во Куманово и околината денеска се очекува сончево време со мала облачност во пладневните часови. Температурата во текот на денот ќе достигне и до 17 степени целзиусови, додека минималната во текот на ноќта се се спушти до третиот степен.

И утре ќе биде сончево и топло, со утринска магла по одделни котлини, а попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува умерен, во западните делови повремено и засилен југозападен ветер.

Значителна промена на времето ќе има во четврток кога ќе има заладување со засилен северен ветер и врнежи од дожд, кои попладне на повисоките места и на планините ќе бидат од снег. Повеќе врнежи ќе има во западните делови, стои во извештајот на УХМР.